Денес на патеката во Каталонија беше претставен новиот болид на повратникот во Формула 1 натпреварувањето „Алфа Ромео“. Во престојната сезона, со болидите на италијанскиот произведувач ќе се натпреваруваат финецот Кими Рајконен и Антониот Џиовинаци.

Алфа Ромео е последниот тим кој официјално го претстави својот болид за новата Формула 1 сезона, а претставувањето заврши неславно откако Раиконен по само пет минути на стазата Каталонија излета од патеката.