Ру­ски­от ве­ле­мај­стор (ВМ) Јан Непомнијаш­чи ја за­бе­ле­жа и тре­та­та побе­да (а вто­ра во ни­за), со што по шест ко­ла по­бег­на за цел по­ен на вр­вот на Тур­ни­рот на кан­ди­да­ти­те за предизвикувач на свет­ски­от пр­вак во шах, што се игра во Ека­те­рин­бург (Русија) во 14 ко­ла. Тој во 6-то ко­ло ка­ко „бел“ го по­бе­ди еден од фа­во­ри­ти­те за пр­во­то ме­сто, Кинезот Динг Ли­рен, што е и не­гов трет по­раз. Нив­ни­от ме­ѓу­се­бен скор пред ду­е­лот беше се­дум ре­ми­ја и по ед­на по­бе­да. Пос­лед­на­та пар­ти­ја игра­на ла­ни во За­греб, ја до­би Ли­рен.

Цел по­ен освои и Хо­лан­ѓа­не­цот Аниш Ги­ри, кој со цр­ни фи­гу­ри во 98-от по­тег го совлада Ки­рил Але­ксен­ко. Пар­ти­и­те по­ме­ѓу Ру­си­нот Але­ксан­дар Гриш­чук и Американецот Фаби­ја­но Ка­ру­а­на (54 потег), од­нос­но Ки­не­зот Хао Ванг и Фран­цу­зи­нот Ма­ксим Ва­шер-Ла­грав (83), за­вр­ши­ја ми­ро­љу­би­во.

Та­бе­ла по шест ко­ла: Не­пом­ни­јаш­чи (реј­тинг 2.774) 4,5 по­е­ни, Ва­шер-Ла­грав (2.767) 3,5; Ка­ру­а­на (2.842), Ги­ри (2.763), Ванг (2.762) и Гриш­чук (2.777) со по три, Динг (2.802) и Але­ксен­ко (2.698) по два. Г.И.