По 23 дена, 21 етапа и повеќе од 3.000 км, е познат победникот на Тур де Франс за 2019 година, Колумбиецот Еган Бернал стана шампион без ниту една етапна победа, како Крис Фрум пред две години. Официјалниот партнер за технологија на Тур, НТТ објави некои некои факти и бројки, кои ѝ даваат нова димензија на оваа трка и на триумфот на Бернал.

Бернал беше еден од четворицата возачи што ја носеа жолтата маичка на годинашната трка. Пред него во жолтата маичка возеа Жилиен Алафилип, на 14 етапи, Италијанецот Џулио Чиконе и Мајк Тенисен. Просечната брзина на победникот е 40,58 км/час, а на искачувањата, на ридските етапи, 20,6 км/час. И покрај вкупната победа, Бернал не беше меѓу 15-те возачи со етапна победа. Четирикратниот шампион Фрум, кој има вкупно седум етапни победи, беше последниот возач што триумфира, во 2017 година, без етапна победа.

На 21 делница имаше 15 победници, двајца повеќе од лани. Сонародникот на Бернал, Наиро Кинтана беше еден од 15-те возачи што забележаа етапна победа. Кејлеб Еван беше најуспешен со три такви победи, последната на Елисејските Полиња, а Сајмон Јејтс од Велика Британија победи двапати, на планините. Најголемата измерена брзина изнесува 101,5 км/час, на Кол де Варс ја постигна Нилс Полит, кој е првиот велосипедист што ја пробил бариерата од 100 км/ч.