Поранешниот десетобоец Торбен Блех победи на атлетскиот натпревар во скок со стап, одржан во драјвин-киното во Дизелдорф, пред публика во 230 автомобили, јави „Кикер“. Тој славеше со прескокнати 5,55 метри. На делба на второто место беа Бо Канда, Лита Бахер и Филип Кас, со по 5,40 метри. Првиот натпревар во атлетика во Германија пред гледачи од почетокот на пандемијата на коронавирусот беше прекинат дваесетина минути поради силен ветар.