АВТОМОБИЛИЗАМ

Американското автомобилско натпреварување, НАСКАР, продолжи со трките сезонава, два месеца откако сезоната беше запрена поради пандемијата на коронавирусот, до кога беа одржани четири трки. Тоа се случи на патеката Дарлигтон, која ја сметаа за најбезбедна, а трката беше наречена „Вистински херои 400“, во знак на благодарност на здравствените работници во САД. Таа беше избрана како најбезбедно место за продолжување на сезоната и тука ќе се возат три трки во четири дена. Првпат по 72 години немаше гледачи покрај патеката. За да се спречи ширењето на коронавирусот, секој тим ќе има максимум по 16 члена и сите ќе треба да ги следат упатствата на надлежните органи. Сите вработени во НАСКАР и членовите на тимот мора да носат заштитни маски и ќе бидат почесто прегледувани. Како што е планирано, седум трки треба да се одржат за 11 дена, а вкупно 20 до 21 јули.