ПОИ 2021 ВО ТОКИО

Единствената македонска претставничка на Параолимписките игри (ПОИ) во Токио, Оливера Наковска-Бикова, за малку не успеа да се избори за место во финалето во дисциплината спорт пиштол од 25 метри. Таа го освои 9-то место во конкуренција на 30 натпреварувачи мешано мажи и жени, остварувајќи резултат од 564 круга. Во квалификациите, Наковска-Бикова беше втора меѓу жените зад Украинката Ирина Лиаку, но не успеа да влезе меѓу осумте во финалето. Последната дисциплина во која ќе настапи македонската параолимпијка на ПОИ 2021 на програмата е утре, пиштол во слободен избор од 50 метри. Претходно Наковска-Бикова го освои одличното шесто место во финалето со воздушен пиштол од 10 метри.