Шпанскиот тенисер Рафаел Надал стана четврти тенисер во историјата со 400 победи (има 35 порази).

Пред него оваа бројка ја достигнале Томас Мустер (422 победи 127 порази), Мануел Орантес (502 победи и 150 порази) и Гилермо Вилас (659 победи и 162 загубени меча).

Од аспект на победнички процент, Надал е најдобар со 92% успешност, пред Бјорн Борг кој 86% од мечевите ги решил во своја полза.

Надал денеска од 16 часот го игра финалето на АТП турнирот во Барселона. з