Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска ја освои рекордната 11-та титула на мастерсот во Монте Карло, откако во финалето го совлада Јапонецот Кеи Нишикори во два сета, 6:3, 6:2.

Надал до рекордната 31 мастерс титула дојде за еден час и 32 минути. Тој четири пати му го одзема сервисот на Нишикори, кој направи еден брејк. Тоа беше 10 победа на Надал над Нишикори во 12 мечеви.

Шпанецот така во своето 12 финале во Монте Карло го освои рекордниот 11 трофеј.

Надал во понеделник ќе ја започне 171 недела на првото место на АТП листата.