Првиот носител на Грен слемот во Њујорк, Рафаел Надал (Шпанија) се пласира во полуфиналето, откако утринава по голема борба го совлада Доминик Тим од Австралија.

Мечот кој траеше нешто помалку од пет часа беше решен во петтиот сет. Тим одлично почна и го реши првиот сет со 6:0. Следуваа 6:4 и 7:5 за Надал. Четвртиот и петтиот сет беа одлучени во тај-брејк. Прво Тим изедначи по 7:4 во тај-брејкот во четвртиот сет, за потоа Шпанецот по 4:5 да дојде до 7:5 во тај-брејкот од петтиот сет за конечен триумф.

Противник на Надал во полуфиналето на УС Опен ќе биде Хуан Мартин дел Потро од Аргентина.

Другите двајца полуфиналисти ќе бидат познати по одигрувањето на мечевите: Чилиќ – Нишикори и Ѓоковиќ – Милман.