Рафаел Надал ја започна со победа одбраната на својата титула на Отвореното првенство на Франција.

Надал, кој има десет трофеи од турнирот во Париз, го победи Симоне Болели (Италија) со 6:4, 6:3, 7:6 (9) за речиси три часа игра.

Дуелот беше прекинат минатата ноќ при резултат од 3:0 за Болели во третиот сет.

– Натпреварот беше тежок уште од вчера. Бев подготвен за сериозна битка. Но, тоа е нормално, во почетокот на турнирот секој игра многу добро. Против мене играше многу силен тенисер, за среќа успеав да го најдам вистинскиот пат. Денес Болели одигра многу добро, изјави Надал по дуелот.

Во вториот круг Шпанецот ќе игра против Гвидо Пеја (Аргентина), кој го елиминира Жоао Соуза (Португалија) со 6:2, 6:3, 6:4.

Серена Вилијамс пак постигна победа при нејзиното враќање на „Ролан Гарос“ по пропуштањето на минатогодишниот турнир, додека чекаше за своето прво дете. На стартот во Париз, трикратната шампионка (2002, 2013, 2015) по победата со 7:6 (4), 6:4 над чехињата Кристина Плишкова во натпревар, кој траеше час и 45 минути.

Иако не ја покажа својата најдобра игра, освојувачката на 23 Гренд слем титули покажа карактер и успеа да ја победи својата ривалка.

Во вториот круг, ривал на Американката ќе биде ставена под број 17 Ешли Барти од Австралија.