Врз шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој го откажа учеството на финалниот Мастерс во Лондон, извршена е операција на глуждот, објавено е од страна на лекарот Ангел Руиз-Которо. Според него, операцијата траела 35 минути.

– Рафа Надал беше подложен на операција за отстранување на туѓо тело од глуждот. Поради ова, тој не можеше нормално да се движи. Решивме да го решиме овој проблем сега, така што следната сезона ќе почне во добра состојба – изјави Руиз-Которо.

Надал има хронични повреди кои негативно влијае врз него оваа сезона. Претходните сезони имаше многу натпревари.