Од Ферари најавија дека 250 лекари и медицински сестри се поканети во знак на „симболична чест за нивната храброст, чувство на должност и алтруизам како работници од првата линија во борбата против ковид-19“, пишува „Ројтерс“

ФОРМУЛА 1 – ЗА ТРКАТА В НЕДЕЛА

Трката во Формула 1 за големата награда на Италија в недела ќе се одржи без гледачи поради пандемијата на коронавирусот, но 250 лекари и медицински сестри ќе гледаат од трибините како гости, најавија од Ферари во средата пред нивната домашна трка, пишува „Ројтерс“. Трката во Монца, во близината на Милано, е осма во Формула 1 сезонава, која досега се одвиваше без гледачи, со екипи што работат изолирани во т.н. „меури“ и со ограничено присуство на медиуми.

Од Ферари рекоа дека медицинските лица, кои ќе присуствуваат со физичка дистанца, биле поканети во знак на „симболична чест за нивната храброст, чувство на должност и алтруизам како работници од првата линија во борбата против ковид-19“, пишува „Ројтерс“.
По трката во Монца следува трката за големата награда на Тоскана во Муџело, северно од Фиренца, во сопственост на Ферари, и тоа ќе биде првата трка сезонава со гледачи со платени влезници. Предвидено е околу 2.880 гледачи на ден да бидат присутни на три трибините во текот на трите дена. Поголемиот дел од трките потоа, исто така, се очекува да примат ограничен број гледачи, пишува „Ројтерс“.