Му дадов шанса да научи со другите деца и бев шокиран, оти за помалку од 20 минути можеше да ги движи фигурите и да решава сложени геометриски вежби на таблата, вели неговиот тренер Онакоја. За помалку од еден месец откако научи да игра шах, Маумо победи на јуниорскиот дел од локалниот шаховски турнир

НИГЕРИСКО ДЕТЕ СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА СТАНУВА ШАХОВСКА ЅВЕЗДА

За помалку од еден месец откако научи да игра шах, Маумо победи на јуниорскиот дел од локалниот шаховски турнир. Неговите нови другари сега научија да го почитуваат на таблата и да го ценат како пријател. Тие го носеа неговиот пехар на бродот до неговата потпорна куќа, возбудени од неверувањето на неговите родители. Кога Фердинанд Маумо (10 години) влегол во шаховскиот клуб во еден кварт на Макоко, неговите врсници започнале да го исмеваат. Роден со церебрална парализа, Маумо е тивко момче чија состојба и сиромаштија го лишија од образование, пријатели и грижа, кои му беа потребни за лекување на неговата болест, но шаховскиот тренер Бабатунде Онакоја веднаш препознал вроден шаховски талент, пишува специјализираниот шаховскиот сајт Сhess.com.
– Тој гледаше низ прозорецот додека другите деца почнаа да играат и очајно сакаше да им се придружи. Го видов на рибарскиот пазар кога првпат пристигнав во Макоко на крајот на април, но бев многу изненаден кога тој се појави во клубот. Му дадов шанса на Фердинанд да научи со другите деца и бев шокиран, оти за помалку од 20 минути можеше да ги движи фигурите и да решава сложени геометриски вежби на таблата – се сеќава Онакоја, кој ја води непрофитната организација „Шах во Африка“, а која треба да има 20 деца од најголемиот сиромашен кварт на Нигерија.

Шахот веднаш стана можност за промена на животот на Маумо, кој поради својата состојба нема да може да ги следи стапките на неговиот татко, кој е рибар. Тој за помалку од еден месец откако научи да игра шах, победи на јуниорскиот дел од локалниот шаховски турнир. Неговите нови другари сега научија да го почитуваат на таблата и да го ценат како пријател. Тие го носеа неговиот пехар на бродот до неговата потпорна куќа, возбудени од неверувањето на неговите родители.
– Отпрвин бев скептична за неговото одење во шаховски клуб, но си помислив дека за него е подобро да игра шах отколку да шета по улиците. Кога победи на турнирот, плачев од радост, бидејќи видов дека моето дете повеќе не е шега на заедницата, туку стана мал локален херој. Тој сега повеќе е дома и дури му предава шах на неговиот помал брат. Сега можам да се надевам дека тој ќе стане некој во животот – се сеќава гордата мајка на Фердинанд, Jeсеваме.

За луѓето од Макоко, Фердинанд веќе стана суперѕвезда. Неговата инспиративна приказна го привлече вниманието на гувернерот на државата Лагос, Бабаџиде Олусола Санво-Олу, кој се состана со малото шаховско чудо и одигра една партија.
– Ова е единствена можност да се покаже колку шахот може да биде корисен за да им се помогне на луѓето во неволја. Уште повеќе, приказната на Фердинанд беше отворање очи за луѓето од Лагос, од кои многумина развија нова перспектива за попреченоста и пристапот до образованието – вели шаховскиот тренер Бабатунде.