Знаменосците Арбреша Реџепи и Дејан Георгиевски ја предводеа македонската делегација на свеченото отворање на 32-те Летни олимписки игри (ЛОИ) чиј домаќин е Токио.

Македонските олимпијци излегоа како педесет и први од вкупно 205 држави за време на свечената церемонијата.

Македонија ќе биде претставена од вкупно осум спортисти на ЛОИ.

На Игрите ќе учествуваат околу 11.300 спортисти од 205 држави кои ќе се борат за медалите во 33 спорта.