Полска им се придружи на Естонија, Финска и на Чешка како коорганизатор на Европското првенство (ЕП) во 2021 година во одбојка. Полска ќе биде домаќин на најголемиот број натпревари на тоа ЕП во однос на другите земји, на 15 од групната фаза, потоа на четири во осминафиналето, на две четврт-финалиња, на двата полуфинални и на мечевите за медалите, вкупно 25 средби. Следното ЕП ќе се игра според истата формула како и годинава. Репрезентациите, 24, ќе бидат поделени во четири групи со по шест тима. На ЕП, освен четирите земји домаќини, ќе настапат и осумте најдобропласирани репрезентации од ЕП 2019: Србија, Словенија, Франција, Русија, Италија, Украина, Германија и Белгија, како и 12 селекции од квалификациите што ќе се одржат во летото 2020 година. Полска третпат ќе биде домаќин на ЕП, по 2013 и 2017 година.