Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби од Данска со 1-3 (25-23, 19-25, 25-27 и 19-25 по сетови) во финалето на фајналфор-турнирот од Сребрената лига што се одигра во салата „Парк“ во Струмица. Триумфот во финалето ја води Данска во Златната лига, следната година.

Македонските одбојкари во полуфиналето беа подобри од Хрватска со 3-2 по голема борба, додека Данска славеше против Унгарија со 3-1. Унгарија, пак, денеска ја победи Хрватска со 3-2 во мечот за третото место, во пресрет на финалето.

Македонија во оваа конкуренција трипати беше втора (2015, 2016 и 2017-та), а еднаш трета (2014 година).