Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет (МПОК) ги промовираше заклучоците од проектот „Променете го начинот на размислување-Спорт за сите“, во рамките на Ерасмус спортската програма на Европската Унија (ЕУ). Проектот има за цел е да се промовира потребата од спорт и телесна активност за лицата со ивалидност како здрав начин на живот и можност за социјална инклузија во општеството преку спортот. Проектот трае од 1 јануари 2017 до 30 јуни 2018 година.

Во рамките на проектот беа преземени бројни активности, од првични состаноци на кои беше подготвен тренинг модулот за спроведување на проектот, преку комуникација со младите лица со инвалидност, нивните родители и членови на семејства, семејните лекари и професорите по физичко образование од основните и средни училишта за активно вклучување во проектот, па се до избор на експерти од неколку области како едукатори на тематски работилници за што имаа за цел да подготват соодветни презентации комплементарни со усвоениот тренинг модул.

На 16 јуни беше одржана и тркалезна маса со претставници на невладиниот сектор, и Здруженијата кои го организираат спортот на лицата со инвалидност. На состанокот присуствуваа 36 лица од 24 невладини организации при пто беа детектирани најголемите недостатоци за помасовно и непречено вклучување на младите лица со инвалидност во спортско-рекреативните активности.

Главните проблеми се:

– непристапност на спортските објекти заради архитектонските бариери
– недостаток на опрема и специфични спортски реквизити;
– недостаток на прилагоден јавен превоз, градски и меѓуградски;
– недостаток на посебни образовни програми за работа на часови по физичко образование со деца и младинци со инвалидност;
– недоволно едуцирани тренери за работа со спортисти со инвалидност;
– недоволно финансиски средства