Лина Ѓорческа од денеска ќе настапува на нов тениски турнир, во Германија, каде што во првото коло треба да се сретне со Ирина Фетецау од Романија (377. на ВТА-листата). Турнирот е со вкупен награден фонд од 25.000 долари. Најдобрата македонска тенисерка вчера напредна на двете листи на ВТА, па сега е 376. во поединечна конкуренција и 327. во двојки, што е скок за пет, односно за 12 места во однос на претходното рангирање, од минатата недела.

Ѓорческа годинава одигра повеќе турнири, поединечно беше финалистка на турнирот во Турција, полуфиналистка на турнирот во Белорусија, а во двојки, заедно со Русинката Анастасија Комардина, освои три титули, на турнирите во Германија, Белорусија и во Шпанија. Ѓорческа беше и финалистка во двојки на уште два турнира.