Легендарниот австралиски тенисер Род Лејвер смета дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе доминира на светската сцена во следните две до три години.

Ѓоковиќ во последните три месеци ги освои Вимблдон, Синсинати и САД Опен, а Лејвер очекува најдобриот српски тенисер да продолжи со истиот ритам.

– Во овој момент мислам дека на врвот е Новак. Пред пет години тоа беше Роже Федерер, а пред три Рафаел Надал. Во следните две до три години мислам дека Новак ќе биде главен и ќе освои уште многу титули, истакна Лејвер.

Легендарниот тенисер наведе дека големата тројка – Федерер, Надал и Ѓоковиќ, долго доминитра во тенисот, но дека се уште нема нови играчи кои би можеле да ги заменат.