Ракометарките на Куманово попладнево ја совладаа екипата на ЖРК Вардар со 26-18 (12-9) во финалето од Купот на Македонија, со што повторно го освоија пехарот во натпреварувањето.

Натпреварот помина во целосна доминација на ракометарките на Куманово чија предност достигна и 10 гола (26-16).

Ангела Јанкуловска од Куманово која постигна осум гола, беше прогласена за најкорисна ракометарка на финалето, додека Мила Трајковиќ реализираше шест удари за освојувачот на трофејот. Кај ЖРК Вардар се истакнаа Михаела Стојановска со шест и Бојана Диневска и Ивона Трпевска со по три постигнати погодоци. Т.Д.