Норвежанецот Хенрик Кристоферсен победи на велеслаломот во Банско, трка која е дел од Светскиот куп. Светскиот шампион во дисциплината од Оре го надмина лидерот од првата трка, Марсел Хиршер за само 0,04 секунди.

Кристоферсен ги сопре хрономерите со вкупно време од 2:26,87 минути (четврто време во втората трка). Хиршнер заврши со 2:26,91 минути

На третото место остана Французинот Томас Фанара, кој заостануваше со 0,39 секунди. Четвртата позиција е за друг Французин, Алексис Пинтуро, кој заврши со 2:27,36 минути.

Првата шесторка ја комплетираа Жан Крањец од Словенија и Метс Олсон од Шведска.