Би сакал да имам обожаватели, бучни и страсни, но ако единствениот начин на кој можеме да ги одржиме Игрите е зад затворени врати, мислам дека сите го прифаќаат тоа, изјави Коу, за Би-би-си

Би сакал да има публика, бучна и страсна, но ако единствениот начин на кој можеме да ги одржиме Игрите е зад затворени врати, мислам дека сите го прифаќаат тоа, изјави за „Би-би-си“ претседателот на Светската атлетика (СА), Себастијан Коу, кој останува уверен дека Летните олимписките игри (ЛОИ) и Параолимписките игри (ПОИ) ќе се одржат.
Коу, кој беше на чело на Организацискиот комитет на ЛОИ во Лондон во 2012 година и член на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), рече дека во случај на откажување, „не е реално решение“ да се потиснат за три години Игрите во Париз во 2024 година и во Лос Анџелес во 2028 година, за Токио да биде домаќин на ЛОИ за три години, пишува „Би-би-си“. Минатиот март, организаторите одлучија да ги одложат Игрите во 2020-та за една година, поради пандемијата на ковид-19.
Неодамнешниот извештај во британски „Тајмс“ цитира висок член на владејачката коалиција, кој рече дека Игрите ќе бидат откажани, како одговор на тој напис, организаторите на ЛОИ во Токио објавија соопштение дека јапонскиот премиер Јошихиде Суга „ја изрази својата решеност“ да ги одржи ЛОИ и ПОИ, а и Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) рече дека сугестијата за откажување е „категорично невистинита“, пишува „Би-би-си“.

Меѓународниот параолимписки комитет (ИПЦ) смета дака „со силните мерки и планови што се во сила, Игрите можат да се одржат безбедно“. ЛОИ треба да почнат на 23 јули, по што ќе следуваат ПОИ од 24 август. Извршниот директор на ЛОИ 2020, Тоширо Муто, смета дека глобалното ширење на вакцините против ковид-19 може да биде клучен фактор за одржување на Игрите.
– Сепак, тоа не решава сѐ. Се надеваме на вакцините, но во исто време мислам дека е несоодветно да се бидеме целосно зависни од тоа – вели Муто, пренесе „Би-би-си“.
Коу на сево ова додаде: „Постојат две големи разлики помеѓу ова време минатата година и денес. Едната е вакцината, и тоа ќе се одвива во текот на следните неколку месеци. Нѐ делат уште шест месеци од ЛОИ. И второ, во нашиот спорт, спортистите уште имаат пристап до тренинзите и уште се натпреваруваат“.