Јапонскиот ски скокач Роју Кобајаши ја оствари својата трета победа на турнејата „Четири скокалници“, откако славеше во Инсбрук, по триумфот во Оберсдорф и Гармиш Партенкирхен.

Во Австрија, Кобајаши победи со скокови од 136.5 и 131 метри, за вкупно 267 поени. Второто место беше за Штефан Крафт (Австрија) а третото за Германецот Андреас Стјернен.

Кобајаши сега има 46 бодови повеќе од Маркус Ајзенбихлер од Германија, кој во Инсбрук заврши едвај 13-ти, па така е блиску до освојување на турнејата.

Ако Јапонецот победи во недела во Бишесхофен, тој ќе стане третиот скокач во историјата со триумфи на сите „Четири скокалници“ по Свен Ханавалд и Камил Штох.