Олимписката вицешампионка од Рио 2016 Кејтлин Бејкер (САД) постави нов светски рекорд на 100 метри грбно за жени на националното првенство во пливање.

Бејкер (21) ги сопре хрономерите на 58,00 секунди. Досегашниот рекорд беше 58,10 секунди, поставен од Кајли Мас од Канада во јули минатата година.

Бејкер, која стана национална шампионка и на 200 метри грбно, постави и нов рекорд на САД во кратката дистанца, откако го подобри постигнувањето од 58.33 секунди на Миси Френклин од јуни 2012 година.