Ру­ски­от ве­ле­мај­стор (ВМ) Сер­геј Кар­ја­кин ус­пеа да го стиг­не во­деч­ки­от на ша­хов­ски­от Тур­нир на кан­ди­да­ти­те за свет­ски пр­вак во Бер­лин, Аме­ри­ка­не­цот Фа­би­ја­но Кaру­а­на, отка­ко во 12-то ко­ло во ди­ре­ктен ду­ел ка­ко „бел“ му го на­не­се пр­ви­от по­раз. На две ко­ла до кра­јот, двај­ца­та има­ат по 7 по­е­ни. Кар­ја­кин сла­бо го поч­на тур­ни­рот и бе­ше на дно­то по по­ра­зи­те во 1-то и 4-то ко­ло, но по­бе­ди­те во 7-то ко­ло (над Со), 9-то (Крам­ник), 11-то (Аро­ни­јан) и 12-то го вра­ти­ја во игра пос­лед­ни­от пре­диз­ви­ку­вач на свет­ски­от пр­вак, Нор­ве­жа­не­цот Маг­нус Карл­сен. Во при­лог му оде­ше и пр­ви­от по­раз на Азер­беј­џа­не­цот Ша­хри­јар Ма­ме­ѓа­ров од чле­нот на ШК Ал­ка­ло­ид, ки­не­ски­от ВМ Ли­рен Динг, ко­му ова, пак, му бе­ше пр­ва по­бе­да по 11 ре­ми­ја во ни­за и за­се­га е единс­твен без по­раз на тур­ни­рот.

Ру­си­нот Але­ксан­дар Гриш­чук со бе­ли фи­гу­ри се на­де­ва­ше на цел по­ен про­тив Ер­ме­не­цот Ле­вон Аро­ни­јан, но, се­пак, на кра­јот се по­ка­жа ка­ко не­до­вол­но за по­бе­да иа­ко Аро­ни­јан има­ше проб­ле­ми во на­сто­ју­ва­ње­то да ре­ми­зи­ра. Де­при­ми­ра­ни­от Ру­син и по­ра­не­шен свет­ски пр­вак Вла­ди­мир Крам­ник со бе­ли фи­гу­ри има­ше го­ле­ма пред­ност про­тив Аме­ри­ка­не­цот Вес­ли Со, но на­ме­сто во 32-от по­тег да оди­гра со пи­о­нот на по­ле­то ф4, тој го сто­ри тоа со ко­њот на по­ле­то е6, што бе­ше гре­шка, по ко­ја Со ус­пеа да одр­жи ед­на­ква игра.

Двојки 13-то (прет­пос­лед­но) ко­ло: Динг – Крам­ник, Со – Кар­ја­кин, Ка­ру­а­на – Аро­ни­јан, Ма­ме­ѓа­ров – Гриш­чук.

ТАБЕЛА: Кар­ја­кин (2.763 реј­тин-по­е­ни) 7, Ка­ру­а­на (2.784) 7, Ма­ме­ѓа­ров (2.809) 6,5, Динг (2.767) 6,5, Гриш­чук (2.794) 6,5, Крам­ник (2.800) 5,5, Со (2.799) 5, Аро­ни­јан (2.769) 4 по­е­ни.