Вчера во Скопје ненадејно почина Владимир Пановски (74), претседателот на Скијачката федерација на Македонија.

Пановски долго време беше присутен во македонскиот спорт, пред сѐ, како член на скијачкиот клуб Работнички од Скопје.  Во Скијачката федерација на Македонија е активен од 2002 година, како долгогодишен потпретседател, а од 2018 година и како претседател.

Тој беше врвен спортски работник, вљубеник во скијањето и воопшто во спортот, и има многу заслуги за напредокот на скијањето во Македонија, особено во обезбедувањето квалитетна соработка со меѓународните скијачки федерации, ФИС и ИБУ, со Македонскиот олимписки комитет, со Агенцијата за млади и спорт на Македонија итн. Пановски се залагаше за омасовување и за што поквалитетна работа со младите, надежни скијачи во Македонија, како и за напредокот на стручните кадри.

Вечна му слава

Скијачка федерација на Македонија,
Иван Лесевски