На почетокот од годинава македонската планинарка и алпинистка, Илина Арсова се искачи на врвот Пунџак Џаја, Карстната пирамида (4.884 метри), кој се наоѓа во Папуа, Индонезија и е највисок врв на континентална Австралија.

-Ова беше шестиот по ред врв во низата „Седум врвови на седум континенти“, што ги искачувам како дел од мисијата за зајакнување на жените преку спорт. Од технички аспект тоа беше еден од најпредизвикувачките врвови, бидејќи станува збор за искачување на карпа со речиси вертикален нагиб и во висинска должина од околу 700 метри до врвот – вели Арсова додавајќи оти во светот има само 70-на жени кои го комплетирале овој високогорски предизвик, но ниту една од Балканот.

Арсова планира годинава да го заокружи проектот „Седум врвови“ со искачување на врвот Винсон (4.892 метри) на Антарктикот.