Атлетичарките од Јамајка победија на трката на 100 метри на Олимписките игри во Токио.

Златниот медал, со време на нов олимписки рекорд, го одбрани Илејн Томпсон. Таа ја победи големата фаворитка, двократната олимписка шампионка (2008, 2012), Шели-Ен Фрејзер-Прајс, која победуваше на претходните две олимпијади. на најниското скалило на пиедесталот се искачи Шерика Џексон.

Илејн Топмсон, во финалето, забележа резултат 10.61 секунди. Времето на новиот олимписки рекорд е вториот најдобар резултат во историјата на 100 метри, во женска конкуренција.

Фаворитката Фрејзер-Прајс во целта влезе со време 10.74 секунди. Ова време за само две стотинки беше побрзо од резултатот што го постигна трето пласираната Џексон.