Најдобрата светска скијачка во моментов, Американката Микаела Шифрин, го освои 17-то место во велеслаломската трка во рамките на Светскиот куп (СК), во Куршевел. Овој пласман е големо изненадување ако се знае дека Шифрин на претходните 40 трки во СК или на СП победила на 25 и не била послабопласирана од 10-то место. Послаб пласман од 17-то место, на 20-то, има забележано во Сент Мориц, во супервелеслалом, во декември 2017 година. Во велеслалом најслабите пласмани во кариерата ѝ се на 24-та и на 26-та позиција, во Оре, во март 2014, односно во Андора, во декември 2012-та.