Спортскиот центар ,,Борис Трајковски“ во Скопје од 8 до 12 октомври ќе биде домаќин на Светската јуниорска и кадетска серија на челенџ-турнири во пинг-понг, соопшти Агенцијата за млади и за спорт (АМС). Се очекуваат над 100 учесници и 50 официјални лица од повеќе од 20 држави од светот, кои ќе играат за титулите, паричниот награден фонд (4.000 долари) и за други награди.

АМС информира дека за време на турнирот во Скопје ќе престојуваат и високи официјални лица од Светската и од Европската пингпонг-федерација, претседателот на Меѓународната пингпонг-федерација (ИТТФ), Томас Вајкарт и првиот човек на Европската пингпонг-унија (ЕТТУ), Роналд Крамер, што треба да биде дополнителен мотив за развојот на пинг-понгот во Македонија.