Ивановски трет во Европа

Калин Ивановски го освои третото место на Европскиот шампионат за тенисери до 14 години, во Чешка, јави Македонската тениска федерација (МТФ). Ивановски во полуфиналето загуби од 4-от носител на Европскиот шампионат Мили Полјицак од Хрватска со 1-6, 1-6. Полјицак е на петтото место на Европската ранг-листа за јуниори до 14 години. Ивановски на патот до успехот ги победи Михаил Гороков (прв во Европа) со 6-1, 6-3, Бранко Ѓуриќ (19-ти во Европа) со 6-4, 6-4 и Лука Ванаске (трет во Европа) со 5-7, 6-0, 7-5.