Ова е трет македонски рекорд за Ивановски сезонава, во која стана и балкански првак на 3.000 метри во Истанбул

Дарио Ивановски, најдобриот македонски атлетичар во моментов, постави нов државен рекорд во дисциплината 3.000 метри, со време од осум минути, девет секунди и 89 стотинки, на Европското првенство (ЕП) за мали земји во Сан Марино.
Ова е трет македонски рекорд за Ивановски сезонава, во која стана и балкански првак на 3.000 метри во Истанбул. Неодамна тој го собори и 30 години стариот рекорд на Милан Маџгаљ на 10.000 метри, со време 30:04,03 минути, а претходно постави најдобро време и на 1.500 метри, со резултат 3:44,98 минути.
Покрај Ивановски, на ЕП во Сан Марино добри постигнувања забележаа Јован Стојоски, кој освои два бронзени медала, на 100 метри (10,76 секунди) и на 400 метри (47,44 секунди), и Адријана Поп Арсова, која беше шеста на 3.000 метри, со време од 10:16,60 минути.
Ивановски и Стојоски се македонските кандидати за настап на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио летово.