Во интервју за британски „Тајмс“ тренерот на Новак Ѓоковиќ, поранешниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ, вели дека српскиот аа никогаш нема да има поддршка како  Роже Федерер, но ќе му недостасува на тенисот кога ќе ја заврши кариерата.

– Мислам дека Новак многу ќе му недостасува на тенисот кога ќе го остави рекетот. Никогаш не бил сакан како Федерер, но мислам дека тоа не му е проблем. Ѓоковиќ има навивачи, го сакаат, но повеќе им се допаѓа Федерер затоа што прв дојде на сцената. Мора да го почитувате сето ова што Ѓоковиќ го направи. Тој освои се. Понекогаш Луѓето го гледаат само она што лошо го направил, а не го гледаат сето добро што го сторил и колку помогнал. Новак е личност која не се плаши да зборува јавно. Новак Ѓоковиќ е тениски Робин Худ – вели Иванишевиќ.

Најдобриот светски тенисер утре ќе се сретне против Матео Беретини во финалето на Вимблдон, во обид да стигне до својот 20-ти гранслем-трофеј. Ако победи, Ѓоковиќ ќе се изедначи со Рафаел Надал и со Роџер Федерер според бројот на освоени гранслем-трофеи.