Мешаната штафета на Велика Британија освои златен медал на 4×100 мешано, на Олимписките игри во Токио, постави нов светски рекорд.

Решавачката предност, во конкуренција на Кина и Австралија, Британците ја направија во втората измена, во која пливаше Џејмс Гај. Времето на новиот светски рекорд изнесува 3:37.58 минути.

Покрај Гај во штафетата пливаа Кетлин Досун, Ана Хопкин и Адам Пити.

Сребрениот медал го освои Кина со време 3:38.86 минути, а во борбата за бронзата Австралија ја победи Италија.