Зверев стигна до својата 14-та АТП-титула, а за Карацев тоа е прво финале и прв триумф

Германскиот тенисер Александер Зверев стигна до својата 14-та АТП-титула откако во финалето на турнирот од серијата 500 во Акапулко, Мексико, славеше над Гркот Стефанос Циципас со 2-0 во сетови.
– Имам многу силна врска со Мексико и со овој турнир. Отсекогаш сум велел дека ова е еден од турнирите што сакав да ги освојам во мојата кариера. Дојдов тука со цел и ја постигнав, и многу сум среќен поради тоа – изјави германскиот тенисер на прес-конференцијата по мечот.
Рускиот тенисер Аслан Карацев (42. на АТП-листата) го освои АТП-турнирот од серијата 500 во Дубаи, победувајќи го во финалето Лојдом Харисом со 6-3 и 6-2 во сетови.
За Карацев ова беше прво финале и прв освоен трофеј, а на Харисом му беше второ неуспешно финале по минатогодишниот пораз во Аделаида. Карацев стана третиот победник од Русија годинава, по Андреј Рублов, кој победи на турнирот во Ротердам и Данил Медведев, кој славеше на турнирот Марсеј. Карацев пред еден месец беше сензационален полуфиналист на Австралија опен, каде што загуби од светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ.