Фото: ИЈФ

Светската џудо-федерација (ИЈФ) објави видеопреставување на различните категории на турнирот во џудо на Летните олимписки игри во Токио, во пресрет на ждрепката за натпреварувањето.

Видеата можат да се погледнат преку следниот линк објавен на интернет-страницата на ИЈФ. Во прилог се дадени и сите учесници по категории.

Цел на претставувањето е промоцијата на џудото и подобро запознавање на љубителите на спортот со натпреварувачите на олимпискиот турнир.