Со одигрувањето на финалниот натпревар помеѓу екипите на Влазнија и Шќипоња и кој екипата на Влазнија го доби со резултат со 5-2, заврши традиционалниот турнир во мал фудбал „Гура 2019“, кој по 23-ти пат се одржа во Кичево, и кој протекна под покровителство на Општина Кичево .

– Со одигрувањето на финалниот натпревар помеѓу екипите на Влазнија и Шќипоња и кој екипата на Влазнија го доби убедливи 5-2, заврши традиционалниот зимски турнир во мал фудбал „Гура 2019“, кој по 23-ти пат се одржа во Кичево. Во борба за третото место екипата на Галатасарај го совлада тимот на Кастриоти со 5-1 и го освои третото место. На овој турнир на кој учествуваа 12 екипи од општината. За најдобар голман на турнирот е прогласен Муарем Адили, а за најдобар играч прогласен е Мргим Дани од екипата на Влазнија. Сметам дека со нашите игри и резултати покажавме дека бевме најхомоген и најсилен состав на овој турнир и заслужено го освоивме првото место – истакна Абдула Сејдини, капитен на победничката екипа.

За освоеното прво место екипата на Влазнија ја доби наградата од 1.500 евра, второпласираниот состав на Шќипоња е награден со 700 евра, третопласираниот состав на Галатасарај доби 400 евра, додека поразениот тим на Кастриоти беше награден со 200 евра. Најдобриот голман и најдобриот играч на турнирот освоија по 100 евра.

Средствата собрани од влезниците на овој турнир ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Сите натпревари од овој турнир се одиграа во преполната сала Иванидол во Кичево. З.А.