Поранешниот прв светски тениски рекет, Британецот Енди Мареј нема да настапи во сингл на гранслемот УС Опен.

Мареј, кој вчера беше поразен од Ришар Гаске со 6-4, 6-4, на Мастерсот во Синсинати како прв спортист со вграден метален колк потврди дека нема да се натпреварува во поединечна конкуренција на четвртиот годинешен гренд-слем.

– Одлуката ја донесов во договор со тимот. Не сакав да земам специјална покана затоа што не знам како ќе се чувствувам по мечот. Сакам да бидам искрен и да кажам дека ми се потребни неколку меча – рече Мареј.

Британецот против Гаске во сингл го одигра првиот меч од јануари кога настапи на Австралија Опен. Во меѓувреме имаше операција на колкот.

УС-Опен се игра од 26 август до 8 септември.