Македонскиот каратист Емил Павлов го освои златниот медал во категоријата до 60 килограми на Европското првенство во карате што се одржува во Нови Сад.

Во финалниот натпревар Павлов со 3:1 го победи репрезентативецот на Италија, Анџело Крешенцо.

Во категоријата до 60 килограми каде што имаше 33 натпреварувачи, претходно тој беше подобар од Доминик Имрач од Словачка, Јасин ел Алтар од Холандија, Ненад Дуловиќ од Црна Гора, а во полуфиналето го совлада Калвинс Калинс од Летонија.

За Павлов ова е втор златен медал на европските првенства, а досега има освоено и една бронза.