Вилијамс, која е седумкратна победничка на Вимблдон, последен пат овде триумфира во 2016 година

ТЕНИС – ВИМБЛДОН

Американската тениска ѕвезда Серена Вилијамс го предаде мечот од првото коло на престижниот лондонски гранслем-турнир Вимблдон против Белорусинката Александра Саснович, поради повреда на бутниот мускул, при резултат 3-3 во првиот сет. Во четвртиот гем Вилијамс незгодно се лизна, по што следуваше медицинска пауза, но и покрај лекарската интервенција таа не можеше да го продолжи мечот. Вилијамс, која е седумкратна победничка на Вимблдон, последен пат овде триумфира во 2016 година.
Првото коло на лондонскиот турнир беше последна станица и за 10-та носителка, Чехињата Петра Квитова, како и за Холанѓанката Кики Бертенс (17-та носителка), Американката Алисон Риске (28.), Русинката Вероника Кудерметова (29.) и Британката Јоана Конта (27.), која во пресрет на првото коло беше позитивна на ковид-19.
Кај мажите, пак, по два натпреварувачки дена на Вимблдон, елиминирани се третиот носител, Гркот Стефанос Циципас, Австралиецот Алекс де Минур (15. носител), Италијанецот Јаник Синер (19.), Грузиецот Николоз Басилашвили (24.), Американецот Реили Опелка (27.) и Шпанецот Алехандро Давидович Фокина (30.).