На првиот ден од Балканското првенство во таеквондо, кое се одржува во Букурешт, Романија, македонските репрезентативци освоија 11 медали – два златни во сениорска конкуренција, два сребрени во јуниорска и пет бронзи, еден сребрен во кадетска и еден бронза во пионерска, соопштија од Македонската Таеквондо Федерација (МТФ).

– Ова е досега убедливо најуспешниот ден за македонското таеквондо на едно балканско првенство, тоа е сигурниот показател за големиот брз раст на нашето олимписко таеквондо – соопштија од МТФ.

Медали на првиот ден на Балканското првенство освоија:

-Златен медал за Марко Стевиќ со три победи втор пат балкански сениорски шампион

-Златен медал за Коки Георгиевски со две победи (сениори)

-Сребрен медал за Анамарија Георгиевска (сениори)

-Сребрен медал за Елена Трајановска (јуниори)

-Сребрен медал за Фросина Раевска (кадети)

-Бронзен медал за Василија Јовчевски (јуниори)

-Бронзен медал Ивона Давиткова (јуниори)

-Бронзен медал за Милијана Релиќ (јуниори)

-Бронзен медал за Викторија Радомировска (јуниори)

-Бронзен медал за Јана Георгиева (кадети)

-Бронзен медал за Ангеловски Александар (пионери)

-Бронзен медал за Јана Георгиева (кадети).