Селдин Салиу (15) од Маврово и Ростуше, шампион на Италија во уметничко лизгање  и европски шампион во категорија кадети, вечерва во Италија ќе го има првиот натпревар под знамето на Македонија, пренесува интернет-порталот „МКД њуз“.

Селдо, како што го викаат најблиските, стана дел од Македонската федерација на лизгачки спортови во август годинава, и е пресреќен што конечно ќе лизга на мразот за македонската репрезентација.

– Досега ја претставував Италија. Но, сега сум пресреќен, бидејќи сум член на Македонската федерација и гордо ќе го веам македонското знаме – истакна Салиу.