На денешниот натпревар во брзински автомобилизам на кружни патеки, што се возеше на автодромот во Кичево, се појавија вкупно 26 возачи поделени во пет класи. Поради бројноста на возилата истите беа групирани во три дивизии.

Во класа 1 до 1.150 цм кубни се појавија вкупно пет возила од кои пет ја завршија трката, а првото место го освои Александар Георгиески кој дваесетте круга ги мина за вкупно време 26.53.158. Второто место го освои Никола Попески, додека како трет заврши Мартин Делев.

Во класа 2 до 1.400 цм кубни, бележиме само еден пласман и тоа на Мартин Делев .

Во класа 3 до 1.600 цм кубни првото место го освои Дарко Ангеловски од АКК Сити со вкупно остварено време 25.53.764. Второто место за Филип Џуклески од АКК Никола Карев, а како трет низ целта мина Перо Георгиески од АКК Кастом Кар, кој зад првопласираниот заостана два круга.

Во класа Е1-2000 на стартот се појавија седум возила, а само три ја завршија трката. Во оваа класа бележиме четири пласмани, а првото место го освои Даниел Блажевски од АКК Примо АВЈ, со вкупно време од 24.47.533. Второто место му припадна на Давид Малинкоски од Кастом Кар РТ. Третото место за Бојан Петрушевски од АКК Авто Клиника.

И во најсилната класа Е1+2000, првото место го освои Даниел Младеновски од АКК Никола Карев, со вкупно остварено време 24.51.764. Второто место за Миле Тодоров од АКК Никола Карев, додека трето место за Ненислав Петковиќ од истиот клуб. Во оваа класа се појави и единствениот гостин на натпреварот Валон Јаха од Косово .

Технички организатор на оваа трка беше скопскиот клуб АКК Примо АВЈ, а вториот натпревар од шампионатот на круг ќе се одржи на почетокот на септември на истата патека во Кичево.Најуспешни клубови според пласманот на возачите се Кастом Кар, АКК Никола Карев , АКК Автоклиника и АКК Примо авј.