Европскиот шампион, Швеѓанецот Арманд Дуплантис (20) постави нов светски рекорд во дисциплината скок со стап, прескокнувајќи 6,17 метри во вториот обид на митингот во Торун, Полска. Дуплантис со тоа го надмина Французинот Рено Лавиление, олимпискиот шампион од Лондон 2012, кој во февруари 2014 година прескокна 6,16 метри.

– Ова е нешто што го посакував уште кога имав три години – изјави Дуплантис, европскиот првак од Берлин 2018 и освојувач на сребрен медал на Светското првенство (СП) 2019 година во Доха. Дуплантис, кој има прекар Мондо, роден е во САД, но избра да ја претставува Шведска, родната земја на неговата мајка. Негов тренер е татко му Грег, кој исто така скокал со стап, а мајка му Хелена е поранешна седмобојка и одбојкарка. Тој за малку не го собори светскиот рекорд во вторникот на митингот во Дизелдорф, каде што ја собори летвичката при паѓањето, а во Полска го собори рекордот со шестиот скок на митингот. 


Најдобри резултати

АТЛЕТИЧАР ВИСОЧИНА ДАТУМ

Арманд Дуплантис 6,17 м 8.2.2020
Рено Лавилен 6,16 м 15.2.2014
Сергеј Бубка 6,15 м 21.2.1993