Матип и ван Дајк

Де Лихт, Киелини, Бонучи кај Јувентус, Мегваер и Линделоф кај Јунајтед, Пике и Ленгле кај Барселона, Рамос и Варан кај Реал, Хернандез и Шуле кај Баерн, Ван Дајк, Гомез и Матип кај Ливерпул… се само дел од одбранбените линии, кои ќе бидат во центарот на вниманието во новата сезона

Во сезона со многу очекувања клучна е цврстата централна дефанзивна линија на фудбалските тимови, а во повеќе од нив во летниот преоден рок има промени во пресрет на новата сезона, пишува шпанскиот спортски весник „Марка“. Ќе наброиме неколку двојки што се формираат во некои од најголемите тимови низ целиот континент.

Јувентус го ангажира Матијас де Лихт, кој додава енергија на искуството на Џорџо Киелини и на Леонардо Бонучи во одбраната на тренерот Маурицио Сари. Манчестер јунајтед го купи Хари Мегваер, најскапиот дефанзивец во светот со 88 милиони евра. Тој би требало да игра заедно со шведскиот интернационалец Виктор Линделоф. Манчестер сити не донесе нови дефанзивни играчи, но има одлични опции, меѓу кои и Емерик Лапорт, Николас Отаменди и Џон Стоунс, пишува „Марка“. Тренерот на Барселона Ернесто Валверде е сигурен во својот дефанзивен ред, во кој се Жерар Пике, Климент Ленгле, Самуел Умтити… Кај Реал Мадрид Серхио Рамос и Рафаел Варан остануваат како први кандидати, но тука се и Едер Милитао, Начо…

Европскиот првак Ливерпул веќе има еден од најдобрите централни дефанзивци, Вирџил ван Дајк, но и Џо Гомез, Дејан Ловрен, Жоел Матип, како и новодојдениот, тинејџерот Ван ден Берг. Промена во Наполи е доаѓањето на дефанзивецот Костас Манолас од Рома, како замена за Раул Албиол, кој замина во Вилјареал, а во Наполи е и Калиду Кулибали. Еден од најголемите трансфери ова лето го направи Баерн, со ангажманот на Лукас Хернандез од Атлетико, кој би можел да игра заедно со Николас Шуле, а таму е и Бенжамин Павар, пишува „Марка“.