Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро ќе го пропушти финалниот турнир во 2018 година кој ќе се игра од 11 до 18 ноември во Лондон.

Дел Потро се повлече од натпреварот од третото коло од серијата Мастерс во Шангај против Хрватот Борна Чориќ поради повреда. Тогаш му беше дијагностицирана пукнатина на бутниот мускул на десната нога.

По консултација со лекарите, Аргентинецот одлучил дека е подобро да го пропушти АТП турнирот во Лондон.

Дел Потро си обезбеди учество на турнирот во британската престолнина по победата над Карен Хачанов во вториот круг на турнирот во Пекинг. За него ова требаше да биде првото појавување на турнирот по 2013 година.