Леонида Гроздановска

КОЊИЧКИ СПОРТ

Леонида Гроздановска од клубот Анималс е двојна победничка на вториот Јулски коњички турнир, како и на второто коло од отвореното Лига-првенството на Македонија во прескокнување пречки за годинава, што според календарот на Федерацијата за коњички спорт на Македонија, а во организација на коњичкиот клуб Вивакс од Скопје, се одржа во саботата на терените во Волково.
Во првиот натпревар наречен „Одбери свој пат“ со висина на пречките од 80 до 90 см, Гроздановска славеше со грлото „Силвано“, пред Силја Дуковска од Анималс со грлото „Најтингел“ и Ташко Жоглев од Илинден со грлото „Ролекс“. Во вториот натпревар наречен ,,Растечки тешкотии“ со висина на пречките од 90 до 120 см со џокер, повторно најдобра беше Гроздановска, со грлото „Силвано“. Второто место го освои Меланија Атансовска од Процес со грлото „Калатус“, а третото место му припадна на Зоран Јовановиќ од клубот Бравадос со грлото „Тифани“.
Третиот Јулски коњички турнир и четвртото коло од отвореното Првенството на Македонија ќе се одржат на 17 јули во организација на клубот Анималс.