Женската шаховска репрезентација на Македонија

Македонската машка (2.514 просечен рејтинг, рангирана 43-та) и македонската женска шаховска репрезентација (2.039 просечен рејтинг, рангирани 58-ма), ги забележаа своите петти победи на 43. Шаховска олимпијада (ШО), која се одржува во Батуми, Грузија во конкуренција на 185 машки и 151 женски селекции.

Во рамките на 9-то коло, мажите очекувано славеа со 3-1 над Мианмар (2.356 просечен рејтинг, рангиран 72-ри). Цел поен остварија на третата и четвртата табла, ИМ Филип Панчевски, односно ИМ Никола Николовски, додека ВМ Кирил Георгиев на првата и Владимир Георгиев на втората табла, ремизираа.

Женската репрезентација пак, беше подобра од Алжир (1.969 просечен рејтинг, рангирана 68-ма) со 2,5-1,5. Цел поен на првата табла освои само ЖФМ Моника Стојковска, додека ЖИМ Габриела Коскоска, Драгана Николовска и Катерина Петровска, го поделија поенот со своите ривалки. Стојковска засега одлично игра во Батуми и има вкупно шест поени од можни седум.

Пред утрешното 10-то (претпоследно) коло, мажите, кои се на 49-то место со 11 бода, односно 21 поен по табли (пет победи, едно реми, три порази), ќе играат против незгодната Куба (рангирана 33-та), додека дамите, кои се на 44-то место исто така со 11 бода (пет победи, едно реми и три порази) и 21,5 поени по табли, ќе ги одмерат силите со Швајцарија (рангирана 39-та),

Кај мажите, дербито на колото го доби пријатното изненадување на ШО Полска, која со 2,5-1,5 ги совлада САД и сега е сама на врвот со 16 бода, а ја следат САД, Кина, Ерменија и Англија, сите со по 15. Кај шахистките пак, води актуелниот олимписки шампион Кина со 16 бода, а Украина, Ерменија и САД имаат по 15.

МАКЕДОНИЈА – МИАНМАР 3-1

ВМ К. Георгиев (2.590) – ИМ Вин (2.473) реми (55. потег)

ВМ В. Георгиев (2.479) – ИМ Наи (2.389) реми (39)

ИМ Панчевски (2.489) – ИМ Мио (2.327) 1-0 (66)

ИМ Николовски (2.388) – Чин (2.200) 1-0 (56)

МАКЕДОНИЈА – АЛЖИР 2,5-1,5

ЖФМ Стојковска (2.106) – ЖИМ Мезуд (2.056) 1-0 (32)

ЖИМ Коскоска (2.026) – ЖИМ Латрече (2.056) реми (69)

Николовска (1.856) – ЖИМ Тоубал (1.862) реми (56)

Петровска (1.966) – ЖФМ Наср (1.901) реми (55)

ПОЗНАЧАЈНИ РЕЗУЛТАТИ – МАЖИ

Полска – САД 2,5-1,5

Азербејџан – Кина 1,5-2,5

Индија – Ерменија 1,5-2,5

Германија – Франција 2-2

Англија – Норвешк 3-1

Италија – Русија 1-3

Австрија – Хрватска 1-3

ПОЗНАЧАЈНИ РЕЗУЛТАТИ – ЖЕНИ

Казахстан – Кина 1-3

Азербејџан – Украина 2-2

САД – Унгарија 2,5-1,5

Ерменија – Иран 3-1

Русија – Романија 3-1

Монголија – Грузија (1) 1-3
Грузија (2) – Србија 2-2

Монголија – Грузија (1) 1-3

Г.И.