Даниел Рикардо од Ред бул беше најбрз на првиот тренинг пред Големата награда на Бахреин во Формула 1.

Рикардо помина 14 кругови, а најбрзиот круг го извозе за време од 1:31.060.

Втор беше Валтери Ботас од Мерцедес кој извози 24 кругови, а најбрзиот за 1:31.364.

Зад нив беа возачите на Ферари – Кими Рајконен и Себастијан Фетел, додека петти заврши Луис Хамилтон од Мерцедес.

Првиот тренинг во Бахрен го одбележа и дефектот на болидот на Макс Ферстапен од Ред бул, кој помина само два круга.