Магазинот „Форбс“ и годинава ја објави листата на највредните спортски клубови во светот. Петта година по ред на првото место е Далас каубојс од НФЛ-лигата во американски фудбал. Овој клуб, според анализите на „Форбс“, вреди 5,5 милијарди долари.

Следни на листата се бејзбол тимот Њујорк јенкис (5 милијарди долари), а потоа следуваат три НБА-клуба: Њујорк никс (4,6 милијарди долари), Лос Анџелес лејкерс (4,4 милијарди) и Голден стејт вориорс (4,3 милијарди).

Меѓу првите десет се наоѓаат и три европски фудбалски гиганти: Реал Мадрид (4,24 милијарди), Барселона (4 милијарди) и Манчестер јунајтед (3,8 милијарди долари).